Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место во него починале тројцата патници
Три лица загинаа, а едно е повредено во тешка сообраќајна нeсреќа што се случи утрово на патот Прилеп-Битола, на раскрсницата кај селото Ново Лагово.
-На 3.10.2024 година во 7.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп – велат од полицијата.
Од 8 часот сообраќајот на патот Прилеп- Битола кај селото Лагово е затворен за сообраќај во двата правци.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место а тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините – информираат од обвинителството.