Изборот на фотографија за оваа недела на „Нова Македонија“ е Тивка мелодија на Марија Филевска.
Фотографијата е направена во селото Камењане. Таму природата создала водопади на Камењарска Река, која извира на Шар Планина, југозападно од Тетово и поминува низ селото.
-На Камењарска река во селото Камењане има осум водопади. Според мене седмиот и осмиот водопад се најатрактивни. Инфраструктурата направена од природен материјал прави лесен пристап до водопадите, а преку импресивните мали мостови и големиот број на дрвени скали дополнително да се доживува таа убавина и мир во шумата – вели Филевска.

Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела ќе избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на zabavna@novamakedonija.com.mk
Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.