Фото: Горан Анастасовски

Утрово, рафотвите за леб останаа празни, иако пекарите најавија дека леб ќе доставуваат додека не стапи на сила одлуката на Владата за замрзнување на цената на 33 денари.

Луѓето кои утрово пазареле велат дека бел и полубел леб не нашле во продавниците. На рафтовите имало само специјални лебови.

Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укинува и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи. Одлуката е донесена вчера на владина седница, а пекарската индустрија, која ден претходно, најави дека ќе прекине со производство на леб доколку биде донесена ваква одлука, ќе чека таа да излезе во Службен весник и ќе ги соопшти натамошните чекори.

Ваквите одлуки на Владата следуваат откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажале дека дел од компаниите не ги намалиле соодветно цените на своите производи.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес-конференција во Владата порача дека нема да дозволи неоправдано покачување на цените.

– Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти, рече Ковачевски.

Буџетски средства за ова не се користени, туку со оглед на тоа дека се работи за спроведување на социјалдемократски политики, тоа се прави во рамките на мојот тим којшто е надвор од Владата,

Според министерот за економија Крешник Бектеши, компаниите не се оштетени со тоа што ќе се замрзне цената на лебот.

– Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител на леб дали со таа цена на брашното и актуелните трошоци 450 грама леб треба да е поскап од 32 денара, вклучувајќи шест денари профит што останува кај пекарите. Значи, 32 денара со шест денара профитна маржа од страна на пекарите, пет отсто маржа од трговците или во малопродажба и пет отсто ДДВ, истакна Бектеши.

Замрзнувањето на цената на лебот, како што посочи, е времена мерка за да нема злоупотреба на поддршката што ја добиваат компаниите од државата.

Не им се ускратува ништо од калкулациите на компаниите, само дополнителниот профит што некои од нив, не повеќе од десетина, сакаат да го прават согласно утврдените планови, рече денеска минис

Од пекарската индустрија најавуваат дека ќе причекаат одлуката да излезе во Службен весник, па потоа ќе се реализира најавата за прекин на производството.

-Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализира и практично не е валидна – велат пекарите.

Според претседателот на Групацијата на мелничко – пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад одлуката да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки.

-Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија – изјави Малишиќ за МИА.

Од април се укинува и субвенционираната струја за прехранбената индустрија што практично значи дека компаниите од овој сектор ќе мора да се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија.

Од 1 декември годинава ќе бидат ставени во функција сите производствени капацитети за електрична енергија со кои располага АД ЕСМ, најавува министерот за економија Крешник Бектеши.

Одлуката за укинување на повластената цена на електричната енергија, според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, се очекува денеска да биде објавена во Службен весник.