Фото: Дмитриј Медведев/фејсбук

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев ги повика Европејците „да не си играат со авиони“, коментирајќи ја изјавата на германската министерка за надворешни работи Анален Баербок, која ја нарече одлуката на Холандија и Данска за пренос на Ф-16 борбени авиони за Украина „добар ден за Украина и Европа“.

Медведев рече дека еден од овие „добри денови“ може да биде последен за Европа, пренесе „Ведомости“.

– Ова е добар ден за Украина и се разбира, добар ден за Европа – изјави министерката за надворешни работи со незавршено средно образование Анален Баербок за одлуката за испорака на авиони Ф-16 на браќата Бандер на германските нацисти.

– О, не си играјте со авиони во вашиот песок, деца. Еден од следните слични „добри денови“ може да биде последен за Европа“ – напиша Медведев на Телеграм.