Изборот на фотографија за оваа недела на „Нова Македонија“ е Куклени ѕвезди на авторот Влатко Рафески.
Фотографијата е направена овој месец на локација Куклица – Кратово, во ноќен амбиент, а на неа се гледа дел од Млечниот Пат.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

Куклени ѕвезди

📸 „Нова Македонија“ секоја недела ќе избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.