Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија ќе продолжи со воената операција во Украина додека не ги постигне сите свои цели, пренесе „Ројтрерс“.
Песков изјави дека САД и Европа не покажале интерес за дипломатско решение на војната.
– Сега Кремљ не гледа никакви предуслови за мировни преговори со Украина, пренесува РИА.
– Руските власти не разговараат за нова мобилизација – вели портпаролот на Кремљ, а пренесе „ТАСС“.
Кремљ објави дека воени инструктори од различни земји работат во Украина и учествуваат во воени акции и обука на украинските сили, пренесоа руските агенции.