Кина никогаш нема да ги прифати „неоснованите обвинувања“ изнесени против неа на актуелниот Самит на НАТО – изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со неговиот холандски колега Каспар Велдкамп.
Ванг истакна дека Кина е подготвена да одржува контакти со НАТО на рамноправна основа и заемно почитување, при тоа Алијансата да не се меша во нејзините внатрешни работи.
Во исто време, портпаролот на Кинеската мисија во Европска Унија изјави дека Декларација од Самитот на НАТО е полна со „воинствена реторика“, а нејзината содржина поврзана со Кина содржи провокации, „лаги, поттикнувања и клевети“.
Во Декларацијата се истакнува дека Кина стана одлучувачки фактор во воените напори на Русија во Украина и оти Пекинг и понатаму е безбедносен предизвик за Европа.
Како што сите знаеме, Кина не е основачот на кризата во Украина – наведе портпаролот на Кинеската мисија во ЕУ.