Израелската армија денеска повторно упати апел до цивилите да го напуштат Појасот Газа и да се упатат кон југ.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ќе дозволат сообраќај на патот кон јужниот дел на Појасот Газа во периодот од девет до 13 часот по средноевропско време – напиша портпаролот на израелската војска на платформата „Икс“, порано „Твитер“.
– Ако се грижите за себе и за вашите најблиски, следете ги нашите упатства и одете на југ – напиша портпаролот на израелската армија на „Икс“.
Армијата објави и мапа на која е прикажан коридорот за евакуација.
ИДФ неколкупати упати повик до цивилите да се евакуираат од северниот дел на Појасот Газа. Според процените на израелската армија досега енклавата ја напуштиле 700.000 луѓе.