За илјадници студенти денес почна академската 2023-2024 година. Факултетите на универзитетите во земјава со свечен настан ги пречекаа бруцошите, а по доделувањето на индекси ги поканија на нивниот прв академски час.
Заедничката аула на Филозофскиот факултет и Филолошкиот „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денес беше полна со нови и студенти кои се запознаваа со просториите, кампусот, новите колеги и професори. Им се обрати новоназначениот декан на Филолошкиот факултет проф. д-р Владимир Мартиновски, кој покрај посакувањето успех ги претстави и новите програми на катедрите. Потоа заедно со деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев, ги доделија индексите на најдобрите 10 студенти запишани во прва година на двата факултета.
Полно беше и на Природно-математичкиот факултет, каде што на студентите им се обрати деканот Даворин Трпески.