Европската комисија соопшти денеска дека во овогодишните извештаи за Македонија и за Албанија се препорачува почнување преговори за членство во Европската унија.
– Одлуката е во рацете на Советот на ЕУ. Ние ја завршивме нашата работа, нагласи портпарол на Комисијата.
Во вторник следната недела е предвидено Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на седница во Луксембург. Се очекува тогаш министрите да одлучат дали ЕУ ќе почне нови преговори.