Проширувањето на Европската Унија и подеталните барања на Франција поврзани со преговарачкиот процес ќе бидат изнесени на состанокот на шефовите на дипломатиите од ЕУ, закажан за 19 ноември во Брисел.

Поддржувачи на проширувањето меѓу министрите инстистирале прашањето за проширувањето да биде вратено на агендата што поскоро. Прашањето ќе биде отворено за дискусија, но не се очекуваат заклучоци.

Проширувањето и блокадата на преговорите за членство Македонија и Албанија биле тема на дискусија на завчерашниот неформален амбасадорски состанок во Брисел, што дипломатите го толкуваат како обид за одржување на темата за проширувањето на ЕУ во живот, како и политички сигнал оти блокот не се откажува од оваа политика.

Македонија беше блокирана на последниот Европски совет од страна на Франција, која бара да се реформира процесот на преговори и неговата методологија. На отпочнувањето на пристапните преговори со Албанија се спротивставија и Холандија и Данска.