Илјадници демонстранти протестираа во Лос Анџелес во знак на поддршка на Ерменија и осуда на непријателските потези на Азербејџан и Турција во Нагорно-Карабах.
До протестот дошло откако Ерменија и Азербејџан се обвинуваа една со друга за крешење на примирјето воспоставено со посредство на Русија, а кое стапи на сила во саботата на пладне.
Учесниците на протестот се собраа пред зградата на конзулатот на Турција во Лос Анџелес, носеа знамиња на Ерменија и извикуваа „мир за Ерменците“, а некои се качија на возилата носејќи транспаренти.
Некои демонстранти се собраа пред зградата на Си-ен-ен и Лос Анџелес тајмс, како и пред конзулатот на Азербејџан.
Калифорнија е дом за најголемата ерменска заедница во САД, а источен Холивуд во 2000 година е прогласен за Мала Ерменија.
Протестот го поддржа и градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, кој испрати писмо до американскиот државен секретар, барајќи САД да помогнат во деескалација на судирите.