Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени на лице место.
На една од снимките се гледа како за само неколку секунди, експлозијата срамнува со земја огромен објект.
– Видов огромна огнена топја и црвен чад преку целиот град. Луѓето врескаа и трчаа, преплавени во крв. Беа разнесени терасите од зградите, пукаа стакла од објектите – вели за „Ројтерс“ еден од очевидците.
Светските медиуми пренесуваат дека сцените во болниците се стравотни и дека голем број лекарите се обидуваат да им помогнат на ранетите на лице место.
– Луѓето лежат на земја, а некои од нив се целосно прекриени со стакло – пренесува „Си-ен-ен“.
A Powerful explosion has occured in Beirut. It’s not yet clear what caused the blast. #Beirut pic.twitter.com/h7ayT5DKdK
— Sputnik Insight (@Sputnik_Insight) August 4, 2020
Министерот за здравство на Либан за медиумите изјавил дека има „многу голем број повредени и екстремно голема штета“.
Од Црвениот крст на Либан велат дека нивните екипи се излезени на терен.
– Над 30 наши екипи се на терен. Ве молиме ослободете ги патиштата до болниците – апелираат од Црвениот крст на Твитер.
На терен се излезени стотици противпожарни, амбулантни и полициски возила. „Ројтерс“ пренесува дека од експлозијата има најмалку 10 мртви.
Канцеларијата на дневниот весник „Дејли стар“ е една од уништените од експлозијата. На снимката може да се види дека се искршени сите стакла, делови од покривот и буквално целиот ентериер.
BREAKING: Massive explosion in Beirut. Footage from the daily star office now in Lebanon pic.twitter.com/2uBsKP5wCH
— Ghada Alsharif (@GhadaaSharif) August 4, 2020
Оштетени се домовите на луѓе кои живеат 10 километри од местото каде што се случи експлозијата, пренесуваат медиумите.
Националната либанска телевизија пренесе дека експлозијата настанала во фабрика за производство на пиротехнички средства.
Сѐ уште не е позната точната причина за експлозијата, а според најновите информации, експлозијата се случила во магацин за пиротехника.