Фото: Макфакс/Фејсбук - Зуди Ендузи Кока

Зуди Енузи Кока е назначен од Надзорниот одбор за нов директор на АД МЕПСО, потврдија за МИА од компанијата. Неговото назначување ќе се официјализира по запишувањето во Централен регистар.

Енузи Кока досега беше шеф на кабинетот на разрешениот директор на АД МЕПСО Сурија Рашиди.

Тој претходно беше директор на ЈП Комунална хигиена, но беше разрешен од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Зуди Енузи Кока е член на Алијанса за Албанците, партија коалициски партнер во Владата.