Над 2.300 нови работни места се отворени во компаниите во ТИРЗ од почетокот на годинава досега. Бројот на вработени заклучно со ноември се искачи на 16.300 што е зголемување од 17 отсто за само една година. Само во ноември се отворени речиси 300 нови работни места, соопштија од ТИРЗ.
„ Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со ноември извозот од ТИРЗ достигна речиси 3,5 милијарди евра што е највисоко ниво од постоењето на зоните. Анализата покажува дека извозот од јануари до ноември годинава е за 27% повисок од истиот период во 2021, односно за 49% повисок споредено со 2020. Компаниите во зоните 2021 ја завршија со извоз од 3 милијарди евра за една година што беше рекордно ниво досега.
Од јануари до ноември годинава е регистриран е увоз од 3,09 милијарди евра што е за 17% повеќе во однос првите единаесет месеци од 2021, односно за 60% споредено со истиот период во 2020. Заклучно со ноември продолжува и растот на нето извозот кој достигна 12,3 %. Само во ноември нето извозот е речиси 23%, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места“ велат од дирекцијата на ТИРЗ.
Се очекува ваквиот позитивен тренд на економски активности во Зоните да продолжи до крајот на годинава.