Американскиот долар со децении е светска резервна валута, но од многу земји во светот неговата доминација полека се доведува под прашање. Зошто?
Зошто е сѐ посилна дилемата во земјите од БРИКС и јужната сфера да имаат различен став кон доларот како „прва светска резервна валута“
Доларот е светска резервна валута уште од Втората светска војна, но комбинацијата на политички и економски причини полека ја подјадува неговата надмоќ. Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), речиси 60 отсто од девизните резерви се чуваат во средства деноминирани во долари. Во истиот контекст споменато, доларот е исто така најкористена валута за надворешна трговија во светот. Но, веќе некое време, се интензивираат размислувањата за т.н. дедоларизација, бидејќи постои неудобност поради големата доминација на доларот во глобалната трговија и финансии. Во една ваква ситуација, макрогеополитичкото опкружување ги поттикнува земјите да бараат алтернативни валути. Некои земји, како Бразил, Аргентина, Бангладеш и Индија, веќе ги користат резервните валути и средства – како што се кинескиот јуан и биткоинот – за трговија и плаќања.
Во консултација со повеќе економски експерти се отвора прашањето за причините за сѐ поинтензивното барање алтернативна светска валута за надворешна трговија, при што се издвојуваат три причини зошто земјите низ светот се обидуваат да ги усогласат плановите за евентуално оддалечување од светот доминиран од долари.
1. Монетарната политика на САД има преголемо влијание врз остатокот од светот
САД се издавач на светската резервна валута, која е исто така доминантна валута во меѓународната трговија и платните системи. Последователно, има големо влијание врз светската економија и често е преценето, објави аналитичкиот центар „Вилсон центар“. Оваа позиција им го овозможи на САД она што Валери Жискар Д’Естен, претседателот на Франција од 1974 до 1981 година, го нарече „преголема привилегија“. Еден аспект на оваа привилегија е дека САД можеби нема да западнат во криза ако не можат да го платат својот долг кога вредноста на доларот нагло паѓа, бидејќи Вашингтон едноставно би можел да отпечати повеќе пари!
Тоа, исто така, значи дека земјите низ светот треба строго да ја приспособат американската економска и монетарна политика за да избегнат прелевање влијание врз нивните економии.
Некои земји, вклучувајќи ја и Индија, излегоа во јавноста со ставот дека им е здодевно и дека се уморни од американската монетарна политика, која ги држи во заложништво – па одат дотаму што велат дека САД биле неодговорен издавач на светските резервни валути.
За издвојување е актуелната информација дека работна група во Резервната банка на Индија сега е во фаза на лобирање да се користи индиската рупија за трговија – став што е во визијата на индискиот премиер Нарендра Моди за валутата.
2. Силниот американски долар станува прескап за земјите во развој
Доларот, кој (кога) јакне во однос на повеќето валути низ светот, го прави увозот многу поскап за земјите во развој. Во Аргентина, политичкиот притисок и падот на извозот придонесоа за пад на резервите во американски долари и го притиснаа аргентинскиот пезос, што, пак, ја поттикна инфлацијата.
Ова ја поттикна Аргентина да почне да плаќа за кинескиот увоз (во Аргентина), со користење јуани наместо американски долари. Ова го потврди „Ројтерс“ во една своја статија.
– Посилниот американски долар ќе ја ослаби неговата улога како резервна валута – напишаа економистите во „Алијанц“, меѓународна фирма за финансиски услуги, во својот извештај. „Ако пристапот до доларот стане поскап, заемопримачите ќе бараат алтернативи“.
Понатаму, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва беше еден од најгласните поборници за воспоставување алтернативни валути за порамнување на трговијата, одејќи да лобира дури во Русија, Индија, Кина и Јужна Африка за да се оддалечат од американскиот долар.
3. Глобалната трговија и побарувачката на нафта се диверзифицираат – ставајќи го на ризик петродоларот
Клучна причина зошто американскиот долар стана светска резервна валута е тоа што земјите од Персискиот Залив на Блискиот Исток го користеа доларот за тргување со нафта – затоа што таа веќе беше широко користена трговска валута во времето кога тие тргуваа со нафта.
Аранжманот беше формализиран во 1945 година, кога нафтениот гигант Саудиска Арабија и САД постигнаа историски договор, според кој, Саудиска Арабија ќе ја продава својата нафта на Америка само користејќи го доларот. За возврат, Саудиска Арабија би ги реинвестирала вишокот доларски резерви во американските трезори и компании. Аранжманот гарантираше безбедност на САД за Саудиска Арабија.
Но тогаш САД станаа енергетски независни и нето-извозник на нафта со подемот на индустријата за нафта од шкрилци.
– Структурната промена на пазарот на нафта предизвикана од револуцијата на нафта од шкрилци може парадоксално да ѝ наштети на улогата на американскиот долар како глобална резервна валута, бидејќи извозниците на нафта, кои играат клучна улога во статусот на американскиот долар, ќе треба да се преориентираат кон другите земји и нивните валути – објавија економистите на „Алијанц“. Е.Р.