Фото: Принт-скрин

Околу 213 милијарди долари руско богатство се чуваат во тајност во швајцарски банки, проценува здружението на финансиската индустрија во таа држава. Швајцарската асоцијација на банкари (СБА) проценува дека банките чуваат помеѓу 150 и 200 милијарди швајцарски франци (213 милијарди долари) пари од руски клиенти на офшор сметки. Тоа покажува дека обемот на бизнисот на богатите Руси со банките во Швајцарија е многу поопширен од изложеноста на билансот на состојба што неколку нејзини финансиски фирми почнаа да ги детализираат.

Откритието на СБА е ретко за Швајцарија, која има „ѕид“ за многу претходни барања за транспарентност, и доаѓа откако е преземен необичниот чекор со примена на санкции од Европската Унија за руските пари по инвазијата на Москва врз Украина минатиот месец.

Матеа Мејер, копретседателка на Социјалдемократите, повика Швајцарија да ги ограничи сите пари што им припаѓаат на Русите блиски до претседателот Владимир Путин и неговата влада.

– Дел им припаѓаат на олигарсите лојални на Кремљ. Парите и нивната активност… помагаат во финансирањето на војната – нагласи таа, додавајќи дека Швајцарија „мора да направи се што е можно за да ги затвори чешмите за пари“.