Фото: Игор Бансколиев

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25 отсто во однос на одлуката од 5 септември.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,99 ден/кг и сега ќе изнесува 51,473 ден/кг.

Од 13 септември од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,5 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 97 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,5 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,236%, кај дизелот за 2,617%, кај екстра лесното масло за 2,786% и кај мазутот намалување за 3,266%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,848%.