Животни

Ако живеете во зграда и размислувате да посвоите домашно милениче, размислете за следните раси. Најтивките раси на кучиња што не лаат, за да не ги нервираат соседите, се малку, па ви ги претставуваме во продолжение.
Авганистански ’рт: Тие се обично тивки и независни кучиња, иако можат да бидат разиграни во друштво на омилени луѓе. Тие им се многу лојални на своите семејства.
Акита: Тие можат да бидат одлични кучиња чувари и обично лаат само за да ве предупредат на опасност. Исклучително се лојални и формираат силни врски со само неколку луѓе. Затоа се повлечени во друштво на странци.
Басенџи: Басенџи е раса што не лае, туку испушта чуден звук. Оваа раса не е особено бучна, но не е ниту тивка. Кога се возбудени, сопствениците можат да очекуваат квичење од овие енергични кучиња.
Чау чау: Тие не лаат, освен ако не почувствуваат опасност, но дури и тогаш не се особено гласни. Понекогаш има репутација на агресивно куче, но тоа е најмногу затоа што сака да се заштити себеси и своето семејство.
Шкотски овчар: Интелигентни и атлетски градени, ќе бидат тивки додека не имаат нешто важно да „кажат“. Оваа нежна раса ќе се вклопи во речиси секој дом.