Во работна посета на РЕК „Битола“ денеска беше претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, кој присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на
третиот блок на комбинатот.

– РЕК „Битола“ работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија „Астор“ заврши успешно. Пуштен е во употреба и третиот
блок во РЕК „Битола“, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија, РЕК „Битола“ произведува над 60 проценти од домашното производство на струја. Во 2023 година, планирано е над 70 проценти од домашно производство на електрична енергија да биде произведено од термоелектраните во сопственост на
државата. Производството на електрична енергија без блок 3, со максимално ангажирање на другите два блока во 2022 година изнесуваше 2.350 гигават часови. Во 2023 година од овој капацитет на РЕК „Битола“, планирано е производство на
над 3.000 гигават/часови. Придобивките од активирањето на блок 3 во РЕК „Битола“ се повеќекратни, затоа што покрај зголемено домашно производство на електрична енергија, придонесува и за зголемена доверливост и стабилност на електроенергетскиот систем и дава можност да се прават редовни годишни ремонти на сите три блока во РЕК, што е значајно за одржување на тековното производство на електрична енергија – истакна Ковачевски.

Тој притоа додаде дека граѓаните може да бидат спокојни зашто 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија и како и досега, електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции и цената не се зголемува.

Министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање до медиумите нагласи дека со пуштањето на блок 3 во работа и работата на сите електроенергетски
капацитети не се исполнија предвидувањата на експертите дека тоа не може да се направи во оваа грејна сезона.

Првиот човек на АД ЕСМ ЕСМ Васко Ковачевски рече дека со ваквиот режим на работа го исполнуваат бараниот конзум на струја на дневна основа и дека ова производство
на струја од РЕК „Битола“ се доближува до најдобрите времиња на комбинатот кога постројките биле понови, а и јаглен имало повеќе.

Дневната потрошувачка со три блокови е околу 20.000 тони на ден и дека на депонија мометно има над 300.000 тони јаглен.

Генералниот директор на РЕК „Битола“ Пеце Матевски додаде дека вработените во РЕК даваат маскимални заложби, превземени се сите мерки за стабилно производство на електрична енергија.

– РЕК „Битола“ наполни 40 години од отпочнувањето со работа и се трудиме старите потројки да ги одржуваме во добар континуитет се со цел да произведиме што повеќе електрична енергија и да имаме стабилна работа – рече Матевски. М.М.