Фото: Маја Јаневска-Илиева

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36.390 денари, што е за 14,2 отсто повеќе во оснос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21,6 %), Образование (17,5 %) и Градежништво (16,5 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3,8 %), Административни и помошни услужни дејности (3,3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,3 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во август годинава изнесувала 54.595 денари.