Фото: Принт-скрин

Како мерка на претпазливост

„Атлантиц Траде Скопје“ ДОО Скопје како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот започна со превентивно повлекување на неколку серии на производите „Киндер шоко бонс“ (46гр и 125гр) и „Киндер српрајз макси“ (100гр) од брендот „Киндер“.

Повлекувањето, како што посочуваат од „Атлантиц Траде Скопје“ ДОО Скопје, се однесува само на наведените производи, кои се произведени во Белгија, со следните лот броеви на пакување: Киндер сурприсе макси 100Г Л006ЛЗБ-НР, Киндер сурприсе макси 100Г Л330РЗБ-МЈ, Киндер шоко бонс 46Г Л293РЗД-КX, Киндер шоко бонс 46Г Л328РЗД-МИ, Киндер шоко бонс 46Г Л336РЗД-МУ, Киндер шоко бонс 125Г Л302Р03— и Киндер шоко бонс 125Г Л321Р03—.

– „Атлантиц Траде Скопје“ соработува со локалните власти за безбедност на храна, по известување од производителот „Фереро“ за можна поврзаност со одреден број пријавени случаи на салмонела во други земји, надвор од Македонија – се вели во соопштението.

Оттаму посочуваат дека иако ниту еден од производите „Киндер“ пласирани на пазаров не е позитивен на салмонела, и не добиле поплаки од потрошувачите, пристапуваат со крајна сериозност бидејќи, како што наведуваат, грижата за потрошувачите е главен приоритет.

– Сите други производи на „Фереро“, вклучувајќи ги и другите производи на „Киндер“, не се засегнати од ова превентивно повлекување на производи од пазарот. „Атлантиц Траде Скопје“ делува за брзо повлекување на наведените производи од пазарот, и ги замолува потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Истиот може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на [email protected] – се вели во соопштението.