Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за 0,5 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,5 денари. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 81,5, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе чини 81,00 денар.

За 0,883 денари се намалува цената на Мазутот М-1 и еден килограм ќе изнесува 46,291 денари.