Шпаркасе Банка АД Скопје во фокусот на своето работење ги има младите и нивната финансиска иднина. Поради тоа постојано се истражуваат и се приспособуваат нови производи и услуги што ги следат нивните потреби. Едно такво решение е пакетот Vibe On, приспособен и дизајниран да ја поддржи уникатната младешка клиентела.

Vibe On е сеопфатен пакет алатки и можности, кои имаат за цел да ги поттикнат младите да управуваат со своите финансии. Станува збор за бесплатен пакет за млади од 15 до 25 години што вклучува: платежна сметка, дебитна картичка Visa, S-Banka мобилно банкарство и многубројни привилегии и поволности во рамките на клубот Vibe Оn. Дополнително, овој пакет вклучува: ослободување од провизија за месечно одржување трансакциска сметка, ослободување од членарина за дебитна картичка, ослободување од провизија за месечно одржување S-Banka мобилна апликација со привилегија плаќање, две бесплатни подигнувања готовина месечно на АТМ од кој било АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе) и друго.

Со Клуб програмата Vibe Оn, корисниците на картичката Visa МОН за обезбедување субвенциониран студентски оброк и корисниците на картичките Vibe Оn, добиваат соодветни привилегии и поволности, кои ќе имаат можност да ги користат кај партнерите и соработниците на Шпаркасе Банка, чијашто мрежа секојдневно се проширува. Во моментов актуелна е големата наградна игра „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите корисници на платежна картичка Visa и на пакетот за млади Vibe On. Со секоја поединечна трансакција во износ еднаков или поголем од 500 денари, добиваат шанса за патување во Амстердам или во Берлин.

Шпаркасе Банка длабоко ги разбира предизвиците со кои се соочуваат младите денес. Финансиска независност преку персонализирано водство претставува еден од најефикасните начини на поддршка.

(Комерцијална објава)