Фото: Влада

Премиерот Димитар Ковачевски ја поздрави вчерашната владина Одлука со која се ревидираа дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот.

Тој информира дека се направени проверки кај 20 големи увозници, а наводите, рече, ќе бидат наскоро соопштени.

-По консултациите со увозниците и со претставници на Стопанската комора што ги одржавме минатата недела, како и според податоците од Царинската управа, констатиравме зголемување на увозните цени до 30 отсто, особено кај доматите, краставиците и гравот. Контролите ќе продолжат, а државата ќе носи мерки кои ќе обезбедат непречено снабдување на граѓаните по соодветни цени и кои нема да го нарушат пазарот – истакна Ковачевски.

Премиерот уште еднаш порача дека за време на кризата, сите мора да бидат солидарни.

-Реагираме согласно потребата на пазарот. Земјоделците ја имаат нашата поддршка, тука се сите институции, се нудат мерки и програми за поголемо производство и конкурентност – потенцира Ковачевски.