Фото: Влада

Во рамките на меѓународен саем за вино, храна и туризам во Белград синоќа се одржа македонска вечер, на којашто домаќин беше премиерот Димитар Ковачевски.

Во поздравното обраќање Ковачевски рече дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот меѓудругото и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.

– Ве поканувам заедно да ги дегустираме македоското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања – рече премиерот Ковачевски.

На македонската вечер присуствуваа бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Македонија и медиуми.

Дегустацијата на посебните вкусови на македонските вина и храна беше проследена со културно уметничка програма, настап на македонски џез оркестар и на естрадни уметници.