Фото: Влада

Владата на денешната редовна седница донесе Одлука за формирање на Советодавна комисија за спроведување на План за интервенции во случај на вонредно пореметување на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати.

Како што информираат од владината прес-служба, Советодавната комисија за задачи има да иницира предлог за донесување на одлука за настанато вонредно пореметување во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати и прогласување на нафтена кризна состојба, да предлага мерки и одлуки за нормализација на снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати, да предлага дополнителни мерки за нормализација на снабдувањето на пазарот, како и други работи согласно закон и Деловникот за работа кој треба да го усвои на првиот конститутивен состанок.