На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица од интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот, информира АД ЕСМ.
– Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната „Врбен“ – соопшти ЕСМ.