Фото: Игор Бансколиев

ЕСМ соопшти дека денеска започна ремонтот на блок 1 на РЕК „Битола“, и во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона.

Заради енергетската криза во која се наоѓа Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на блок 1 на РЕК „Битола“ ќе се изведува пократко од вообичаениот период.

Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ. Од денеска во погон е ставен РЕК „Осломеј“, а од 22 септември започнува со работа и ТЕЦ „Неготино“.

По завршувањето на ремонтот на блок 1, планирани се ремонтни активности и на блок 2, додека блок 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември, информираат од АД ЕСМ.