Фото: Маја Јаневска-Илиева

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто во однос на одлуката од 26.6.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,284 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,191 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 0,202 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,386 проценти.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1 денар за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,022 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,029 денари.

Од 4.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,029 (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.7.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – велат од РКЕ.