Фото: Маја Јаневска-Илиева

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која oд полноќ ќе има намалување на цените на нафтените деривати во просек за 5,28 отсто во однос на претходната недела.

Во согласност со одлуката, цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) се намалуваат три и пол денари за литар, а цената на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 3 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 3,016 денари за килограм.

Ова се новите цени што ќе важат од вечерва по полноќ:

„евросупер БС-95“ – 71 денар за литар

„евросупер БС-98“ – 73 денари за литар

„евродизел БС“ (Д-Е V) – 63 денари за литар

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 62,50 денара за литар

мазут М-1 НС – 38,527 денари за килограм

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 8,896 %, кај дизелот за 8,559 %, кај екстра-лесното масло за 8,364 % и кај мазутот намалување е за 8,599 %, информираат од РКЕ.