Ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, најави министерот за економија Крешник Бектеши во „Економски магазин“ на телевизија „Алсат“, додавајќи дека ваквата мерка ќе биде предложена на владина седница во вторник. Тој напомена и дека моментно не се предвидени рестриктивни мерки.

– Во енергетскиот сектор ќе се прогласи кризна состојба. Уредбата е веќе објавена, ќе имаме средби со членовите на комисијата кои се предвидени во рамки на уредбата за прогласување кризна состојба, а јас како министер за економија ќе ѝ предложам на Владата да ја прогласи оваа кризна состојба на првата наредна седница која се очекува да биде во вторник – истакна Бектеши при гостувањето на „Алсат“.