Фото: ЕПА

ПО ВОЗБУДЛИВАТА ПОБЕДА НА ТРКАТА ВО ЛАС ВЕГАС

Макс Ферстапен од Ред Бул победи на возбудливото и френетично гран-при на Лас Вегас, откако четирикратниот светски шампион го одбрани долгиот предизвик од двојката на Мерцедес, а потоа ја запечати својата трета победа на улиците на Невада пред дуото на Мекларен, пишува Формула 1 (Ф1). Ферстапен имаше добар почеток по пол-позицијата, но со мали разлики меѓу возачите, пласманот продолжи да се развива додека се водеа битките, при што Џорџ Расел често го престигнуваше, а Ферстапен ја враќаше позицијата неколку моменти подоцна, пишува Ф1.
Холанѓанецот, исто така, го задржа првото место кога излезе безбедносно возило на средина од трката, а потоа борбата продолжи меѓу водечките автомобили. И покрај тоа што водството уште се менуваше неколкупати, со вклучувањето и на Кими Антонели, Ферстапен постојано го враќаше првото место и потоа оствари неверојатна победа пред Ландо Норис и Оскар Пјастри, а потоа беа Антонели, Пјер Гасли, Франко Колапинто…
– Навистина, навистина надреално и нешто што никогаш порано не сум го видел во Формула 1 – рече Ферстапен кога беше прашан за бројот на промени во водството, пренесе Ф1. Н.М.