Фото: Икс

Сите 17 лица што се наоѓале во рускиот воен транспортен авион „Ан-12“ загинале откако леталото се урнало денеска во Кемеровскиот Регион, во југозападен Сибир, објави весникот „Известија“, повикувајќи се на информиран извор.

Изворот потврдил дека во несреќата загинал целиот екипаж.

Претходно беше објавено дека авионот, кој се урнал во близина на селото Јагуново во Кемеровскиот Регион, прелиминарно бил идентификуван како воен транспортен авион „Ан-12“.

Причините за несреќата засега не се познати.

Гувернерот на Кемеровскиот Регион, Иља Середјук, потврди дека дошло до авионска несреќа во близина на селото Јагуново, додавајќи дека службите за итни случаи се на местото на настанот.