Фото: Пиксабеј

Цените на нафтата утрово благо пораснаа по извештаите за нови инциденти со танкери во Ормускиот Теснец, клучен поморски правец за извоз на нафта од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

Во 8:57 часот по македонско време, цената на нафтата од типот брент изнесуваше 95,89 долари за барел, а на американската лесна нафта (WTI) 88,65 долари за барел. Двете цени пораснаа за околу 0,1 отсто, по првичниот пад во азиското тргување.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека два нафтени танкери налетале на мини во теснецот, по што дошло до експлозии. Ројтерс наведува дека засега нема независна потврда за ова тврдење.

Очекувањата за вишок на понудата го ограничија растот на цените. Според Меѓународната агенција за енергија, со закрепнувањето на извозот од Блискиот Исток, во последниот квартал од годинава светската понуда на нафта ќе ја надмине побарувачката за околу 1,7 милиони барели дневно.