Цртеж на Нено Маневски, 4 одд. ООУ „Браќа Миладиновци“ -Општина Илинден Менторка: Радица Блажевска Награден цртеж на конкурсот „Културно богатство“

На 13 ноември 1944 година е ослободен градот Скопје од фашистичкиот окупатор. Овој ден секоја година се одбележува со различни свечености и со доделување награди за најзаслужните граѓани, кои во рамките на својата дејност придонесуваат за градот да биде поубаво место за живеење. По повод Денот на ослободувањето на Скопје, денеска објавуваме песна од авторот Боби Додевски, од неговата првообјавена книга „Радосница за деца“, во издание на „Антолог“.

Скопје

Ова мора да го знае стар и млад,
секоја држава си има главен град.
Тој за државата е убава слика,
го имаме и ние – Скопје се вика.
Под Водно распослан во поле ширно,
низ него Вардар тече мирно,
од Китка до Матка убавина грее,
а во далечина и Шара нѐ подгледнува
и милно се смее.
Скопје мое, граду мој славен
во срце и душа секогаш ќе си главен.

Подготвил: Ф.Д.