фото: „Нова Македонија“/илустрација

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во инцидентот е причинета материјална штета, а во гаснењето учествувале 22 пожарникари со девет противпожарни возила, информира за МИА командантот на Противпожарната единица – Скопје, Звонко Томески.

Според Томески, пожарот зафатил кров на двокатна куќа, а поради близината на објектите пламенот се проширил и на делови од уште две соседни куќи.

– Пожарот позади пазарот е целосно ставен под контрола, сега се работи на расчистување – изјави Томески.

Тој посочи дека висината на материјалната штета дополнително ќе се утврдува.