• Двократниот олимписки шампион од Кенија и амбасадор на Младинските
    олимписки игри „Дакар 2026“ беше во центарот на вниманието за време на
    неговата посета на младинското олимписко село, пишува ИОК

„Куќата на спортистите 365“ во олимпиското село на Младинските олимписки игри што се во тек во Дакар го пречека специјалниот гостин во неделата, Елиуд Кипчоге (42), пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Кога двократниот олимписки шампион во маратон влезе, многу спортисти и тренери ја опкружија кениската атлетска легенда за да се фотографираат, да добијат автограм или едноставно да поразговараат со него, пишува ИОК.
– Се чувствувам добро, се чувствувам инспириран и мотивиран, да видам деца, младата генерација и идната генерација на овој свет, како всушност се инспирираат кога ме гледаат и фотографираат… И истото е и за мене, сакам да работам со нив за да ги инспирирам, да им кажам за спортот, да им кажам за светот што можат да освојат преку спортот. Тоа е голем дел од причината зошто сум тука – изјави Кипчоге во ексклузивно интервју за Интернационалниот олимписки комитет.
Кипчоге, кој е во Сенегал како глобален амбасадор за „Дакар 2026“, ги гледа Младинските олимписки игри како можност за младите спортисти, пишува ИОК.
– Ова е почетната точка. Ова е платформа преку која тие можат да го покажат својот талент и да се борат за место во овој свет – рече тој. Н.М.