Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 7 до 11 степени, а максималните ќе достигнат од 11 до 15 степени.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 14 степени.
Во наредните денови времето ќе биде под влијание на циклонска активност. Од денеска до вторник ќе биде претежно облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и вторник.
На повеќе места се прогнозира поголема количина дожд, над 25 литри на квадратен метар за 24 часа, а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 литри на квадратен метар. Од среда и во наредните денови се очекува стабилизирање на временските услови.
































