„Business for Business 2026“ форумот на Комерцијална банка, собра над 150 бизнисмени и им донесе ексклузивна можност за размена на искуства и идеи со врвни експерти од глобалниот дигитален лидер Оракл и од успешни домашни компании. Второто издание на форумот под мотото „Посилна иднина со новите правила за раст“, отвори дијалог за темите што ја менуваат иднината на компаниите: вештачката интелигенција и новите технологии, ESG стандардите и современите решенија за поефикасно корпоративно банкарство.
Со големиот интерес, активното учество и позитивните реакции на присутните, Business for Business форумот ја потврди својата вредност како платформа преку која клиентите на Комерцијална банка добиваат многу повеќе од финансиски производи и услуги. На форумот добија пристап до врвно знаење, вредни искуства и практични препораки за развој и конкурентност на нивниот бизнис.
Форумот го отвори д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
– За секоја компанија, независно од нејзината големина и дејност, денес се особено важни неколку прашања, како подобро да ги искористиме расположивите ресурси, како да ја зголемиме продуктивноста и како подобро да се подготвиме за секојдневните промени на пазарот. Секојдневните оперативни обврски често оставаат малку простор за да се согледа каде се губи време и каде процесите може да се подобрат. Токму затоа ваквите средби се драгоцена можност да се разменат искуства и да се препознаат решенија што може да имаат конкретна примена во работењето“, порача д-р Штериева.
На годинашниот форум, клиентите на Банката имаа можност да разговараат со претставници на Оракл, лидерот во дигиталната трансформација на бизнисите на глобално ниво, за предизвиците што ги носат вештачката интелигенција и современата технологија.
Бојан Садиковиќ, директор во Оракл за продажба, технологија и cloud за BAMMAK регионот, ги претстави дигиталните алатки со кои компаниите ги јакнат своите капацитети и ја отслика иднината на деловниот свет, барем за во наредните 12 месеци.
Бизнис разговорот на д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, и Елена Филатава, Регионален директор во Оракл за Адриа регионот, ги отвори прашањата за тоа дали компаниите губат време и пари без дигитални алатки, кои алатки веќе носат вредност и кои заблуди најмногу го мачат бизнисот кога треба да се зборува за дигитална трансформација.
Д-р Џамбазовски и Филатава се согласија дека дигиталната трансформација не значи само нов слој технологија врз старите деловни процеси, туку инвестиција која треба да ја зголеми продуктивноста, да ја подобри конкурентноста и да го забрза растот на компанијата.
– Стратегијата за вештачка интелигенција е бизнис стратегија. Целта не е веќе AI, туку подобри деловни резултати – порача Филатава.

Затоа што одржливоста е подеднакво важна за секој бизнис, вториот панел од форумот беше посветен на „ESG како двигател на растот“.
Оваа тема ја отвори Билјана Хаџи-Велкова, директор на Дирекцијата за кредитирање на индустрија во Комерцијална банка, со нејзините гости Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Бучим, Димитар Ристовски, корпоративен секретар во Алкалоид, и Тихомир Касапинов, менаџер за одржлив развој, менаџмент системи и проект менаџер во ВВ Тиквеш.
Комерцијална објава






































