Министерството за внатрешни работи спроведува координирана полициска акција на територијата на целата држава, насочена кон сузбивање на криминал поврзан со дрога и оружје.
Од МВР за МИА информираат дека акцијата ја реализира Одделот за криминалистичка полиција, во координација со секторите за внатрешни работи низ државата.
Од Министерството најавуваат дека по завршувањето на акцијата ќе бидат објавени повеќе детали за преземените активности и резултатите од полициското постапување.
































