Фото: Нова Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.

– Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката „Букурешт”, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата – се вели во соопштението на обвинителството.

ЈОттаму додаваат дека Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата.