ПАРАСПОРТ – 34. СПОРТСКИ ИГРИ „СПИКС“
Спортистите на Мобилност Македонија, Елена Давитковска Ф56, Зоран Јовановски Ф55 и Златко Арсовски Ф55, настапија на 34. Спортски игри на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија (СПИКС), кои се одржаа во Врњачка Бања. На игрите учествуваа спортисти од Србија, Македонија, Словенија и од Црна Гора. Македонката Елена Давитковска настапи во три атлетски дисциплини и освои три медали во класата Ф56, злато во фрлање копје, сребро во фрлање диск и сребро во фрлање ѓуле.
Организаторот имаше проблеми со дождливото време, па натпреварите успеаја да ги завршат само паранатпреварувачките во атлетика, а спортистите во машка конкуренција воопшто не настапија. Средства за овој настап беа обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади, велат од Македонскиот параолимписки комитет (МПОК). Г.И.
































