Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска на отворањето на 18-от годишен самит на блокот БРИКС во индискиот главен град Делхи изјави дека војната во Блискиот Исток „не е во интерес на меѓународната заедница“, пренесе кинеската новинска агенција Синхуа.
Кина сака да работи заедно со членките на БРИКС за заедно да одиграат соодветна улога во постигнувањето мир и стабилност во Блискиот Исток и во регионот на Персискиот Залив, рече Си.
– Војната му нанесе сериозни загуби на населението во регионот и не е во интерес на меѓународната заедница – истакна кинескиот лидер.
Тој ги повика земјите од организацијата БРИКС, во која Кина е соосновач заедно со Бразил, Русија, Индија и Република Јужна Африка да застанат цврсто на вистинската страна на историјата.
Според него, државите членки на блокот треба да им се спротивстават на „кршењата“ на суверенитетот на која било земја и на мешањето во нејзините внатрешни работи, продолжувајќи да работат на зачувување на мирот.
Си соопшти и дека Кина ќе биде домаќин на 19-тиот самит на БРИКС следната година.






























