Министерството за внатрешни работи денеска спроведува координирана акција на повеќе локации поради сомневања за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц и Д категорија.
Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси на повеќе локации, со цел расчистување на случајот и обезбедување материјални докази.
Акцијата следува по истрагата што Внатрешната контрола на МВР ја започна минатиот месец. Тогаш било утврдено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачките дозволи на лица кои немале положено испит за управување со камиони или автобуси.
Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали, со оглед дека акцијата е во тек.
































