Фото: Влада

Со обезбедени 180 милиони евра „Алказар енерџи“ го заокружи финансирањето на првата фаза од проектот Ветерен парк во Штип. Со тоа, како што објави денеска раководоството на компанијата, се преминува во следна фаза на реализација на инвестицијата од над 500 милиони долари. Тоа е една од трите фази што треба да овозможат 396 мегавати електрична енергија во ветерниот парк ќе содржи вкупно 54 ветерни и ќе биде најголем во регионот.

– Денес завршуваме со финансиската конструкција за 131 мегават и 21 турбина, со 180 милиони евра инвестиции што се обезбедени од ЕБРД, ИФЦ, Ерсте банка заедно со Шпаркасе банка. Не можам да го кажам името на компанијата но можам да кажам дека таква компанија покажува доверба во држава како Македонија – рече Даниел Колдерон, коосоновач и генерален директор на Алказар енерџи на настан во Штип во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министри и претставници на финансиските партнери. Колдерон најави дека кога ќе биде готов ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148 000 домаќинства, ќе бидат заштедени 570 илјади тони ЦО2, а ќе се овозможат околу 300 вработувања.

Ја нагласи соработка со локалните власти и населението, при што посочи дека премиерот Христијан Мицкоски уште првиот ден покажал како треба да се третираат странските инвеститори со што, посочи, се отвора патот за нови инвестиции. Ја потенцираше и подршката од надлежните министерства за добивање на потребните дозволи, активностите за законските промени, а ги истакна природните ресурси и професионалноста на кадарот во државава.

Завршувањето на финансиската конструкција, како што рече Колдерон, претставува почеток на убава приказна за проектот почнат уште во 2008 година, за кој во јуни 2024 година по доаѓањето на новата влада беше потпишан договорот со што, оцени дека се покажало нејзиното лидерство за спроведување вакви проекти. – Ова е круна на двегодишната работа тука, „Алказар“ е и ќе остане значен партнер на Владата, посочи тој, истакнувајќи дека наскоро да се затвори и финансиската конструкција за ветерните паркови во Карбинци и во Радовиш, пренесува МИА.