Фото: Пиксабеј

Американските безбедносни агенции НСА и ФБИ издадоа важно предупредување до граѓаните и сопствениците на мали канцеларии веднаш да ги рестартираат и да ги ажурираат своите интернет-рутери, откако беше откриена голема сајбер-операција.
Хакерските групи користеле застарени и небезбедни домашни рутери за кражба на податоци за пристап, пресретнување на интернет-сообраќајот и за напаѓање на чувствителните мрежи. Одредени рутери на „ТП-Линк“ со познат безбедносен пропуст биле целта, но експертите нагласуваат дека сите корисници треба да применат безбедносни мерки, без оглед на брендот на уредот или на интернет-провајдерот.

Дури и ако не го користите вашиот рутер за работа, напаѓачите можат да го користат како портал за пристап до вашите приватни сметки, паметни домашни уреди и лични податоци. Експертите препорачуваат четири клучни чекори што треба веднаш да ги преземете.

Исклучете го и рестартирајте го рутерот: Исклучете го кабелот за напојување, почекајте 30 секунди до една минута, а потоа повторно вклучете го. Овој едноставен потег ги прекинува привремените врски што ги користат хакерите и отстранува одредени видови малициозен софтвер од меморијата.

Обезбедете го инсталирањето на најновиот софтвер: Одете во поставките на рутерот и проверете ги новите безбедносни ажурирања или вклучете ја опцијата за автоматско ажурирање.

Променете ги фабричкото корисничко име и лозинка: Податоците како што се „админ“ или „дифолт“ се јавно достапни во упатствата на интернет. Поставете силна лозинка од најмалку 16 случајни знаци и зачувајте ја во вашиот менаџер за лозинки. Исклучете го далечинскиот пристап и заменете ги старите уреди. Во поставките, оневозможете ја опцијата „далечински пристап“ за пристапот до рутерот да биде можен само од вашата домашна мрежа. Ако вашиот модел е стар и производителот повеќе не објавува безбедносни ажурирања за него, време е да купите нов уред.