Денес Давид на училиште оди,
за рака него, татко му го води,
прваче од денес Давид станува
но, на игрите верен им останува.
На игралиште со Тони ќе играат фудбал
ќе бројат кој колку голови дал
потоа дома, домашна ќе пишуваат
во учење и во игра пак ќе другаруваат.
Училиштето не е ништо страшно
и не смее детските игри да ги скрати
мора секое дете од училиште
дома насмеано да се врати.
Во клупите училишни се случуваат
првите љубови во срцата што пламтат,
а школските другари и првите учители
вечно се памтат, вечно се памтат.
Филип Димкоски
Дoбре ни дојдовте, дечиња првачиња!
Горда е нашата куќа,
нашата земја и родина
пред вас е првата учебна година.
Септември е, а вие фатени за рачиња
Добре ни дојдовте, дечиња првачиња!
Учителот чека, насмеан, ведар, мил
и на вашите родители, тој учител им бил
од небо ви се смеат сончевите зракчиња
Добре ни дојдовте, дечиња првачиња!
Училиштето е една вистинска бајка,
Ваш втор дом и ваша втора мајка
од горниот кат вреват
осмоодделенците:
Добре ни дојдовте, дечиња првачиња!
Сега сте првачиња, сега сте славни,
сега сте важни и рамноправни
во училишниот двор пеат врапчиња
Добре ни дојдовте, дечиња првачиња!
Човек се сеќава на датуми разни,
но први септември свети ко празник,
го памтат вечно и белите старчиња
Добре ни дојдовте, дечиња првачиња!
Власта Н. Цениќ
Превод и препев од српски на македонски јазик: Филип Димкоски
































