ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишен вработен во банка, осомничен дека во периодот од ноември 2025 до март 2026 година, во 13 наврати, присвоил околу 4,9 милиони денари и 63.350 евра, пренесе МИА.
Според МВР, К.К. од Гевгелија бил стручен соработник во експозитура на банка. Тој, без налог од корисниците, пристапувал до денарските платежни сметки на двајца клиенти и неовластено присвојувал средства што му биле доверени во рамките на службата.
Со дејствијата, како што информираат од МВР, била предизвикана материјална штета на банката. Против пријавениот е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.




































