фото: Нова Македонија

ФУДБАЛ

Бразилскиот фудбалер Нејмар стана првиот играч во својата држава што мораше да го напушти теренот една минута поради новото фудбалско правило, кое се однесува на одолжување натпревар. Во 23-то коло на Првенството на Бразил, екипата на Сантос убедливо со 3-0 го победи Васко де Гама на гостински терен и се извлече од зоната за испаѓање. Головите ги постигнаа Габигол, Вилијан Арао и Луан Перез. Сепак, ситуацијата во која Нејмар мораше да го напушти теренот привлече најголемо внимание. Голманот на Сантос, Габриел Бразау, побара медицинска помош, а судијата процени дека прекинот е поради одолжување на играта. Бидејќи Нејмар беше капитен, тој беше оној што мораше да оди надвор од теренот и да почека една минута пред да се врати назад на теренот.
Новото правило предвидува дека кога на голманот му се помага на теренот, тренерот мора да одреди играч што привремено ќе го напушти теренот. Ако тоа не го стори во рок од 10 секунди, капитенот автоматски излегува. Но постојат и исклучоци, меѓу другото, во случај на повреда на голманот по фаул, судир со противнички играч или крвавење. За Сантос, победата беше исклучително важна оти сега има 25 бода од 22 меча и моментно е надвор од опасната зона за испаѓање. Г.И.